0
Пробиштип доби нова пречистителна станица за вода за пиење

Пробиштип доби нова пречистителна станица за вода за пиење

Преседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски и Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски во саботата 26 Јануари свечено ја пуштија во употреба новата пречистителна станица за вода за пиење во Пробииштип. Се реализираше еден од најкапиталните проекти кои што ги гради општината во последните 20 години. Се реши тридеценискиот проблем за околу 16.000 жители во Пробиштип и околните населени места кои благодарение на ХС „Злетовица“ и новата филтер-станица отсега ќе добиваат чиста вода за пиење, а ќе биде решен и проблемот со недостиг на вода, кој е особено изразен во летните месеци од годината.

За изградбата на филтер станицата финансиските средствата беа обезбедени од три извори, донација од Словенската Влада во висина од 480.000 евра, заем од Јапонската агенција за меѓународна соработка под исклучително поволни услови во висина од над 800.000 евра, а преостанатите средства беа обезбедени од сопствениот буџет на општината. Изведувач на проектот беше словенската фирма Искра системи од Љубљана, а надзор на работите вршеше фирмата Атриум студио од Штип.

На свечената церемонија присуствуваа и Амбасадорот на Република Словенија во РМ Бранко Раковец, Амбасадорот на Јапонија во Виена, Шигео Иватани, Државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова, Владини претставници, Градоначалници од повеќе градови од Источниот плански регион и голем број на сограѓани.

0

...