0
22-ри Март Светски ден на водата

22-ри Март Светски ден на водата

                                      

Светскиот ден на водата се одржува секоја година на 22-ри Март со цел фокусирање на вниманието за важноста на водата и залагање за одржливо управување на слатководните ресурси. Во 1992 година на Конференцијата на ОН за животна средина и развој (UNCED) било препорачано прославување на еден интернационален ден на слатководните ресурси. Генералното собрание на ОН одговорило на препораката со назначување на 22 март 1993 година како прв Светски ден на водата.

Водата е скапоцена затоа што без неа не постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што бројот на населението во светот расте, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.

1,1 милијарди луѓе на Земјата немаат константен пристап до здравствено исправна вода за пиење, а 2,4 милијарди немаат пристап до вода за одржување на хигиената ниту пак до одвод-канализација за отпадни и фекални урбани води.

Во последниве 30 години земјоделското производство се зголеми за повеќе од 100%, а 3/4 од вкупно потрошената вода се троши за земјоделското производство. Недостатокот од вода значи несигурност во производството на храна, сиромаштија, глад и ширење на заразни болести.

Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви на вода, мора да бидеме повнимателни како ја користиме.

Водата е скапоцена.

Ајде да ја заштитиме.

0

...