0

И З В Е С Т У В А Њ Е

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ

            Координативното тело за следење на состојбата со корона вирус при општина Пробиштип, доследно и одговорно почитувајќи ги сите  мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус),донесе заклучок,да се затворат пазарите во Пробиштип и Злетово.

Од тие причини ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип ги известува сите граѓани и пазарџии дека пазарите во Пробиштип на ден 18.03.2020 г. (Среда) и во Злетово на ден 20.03.2020 г. (Петок) ќе бидат затворени за работа и нема да се врши продажба на истите за сите видови стока.

Набавката на овие основни продукти граѓаните можат да ја вршат во неколкуте пиљари и маркети во градот.

Оваа мерка ќе важи додека се во важност препораките и забраните од Владата на РСМ и Министерството за здравство.

17.03.2020 година

Пробиштип

ЈКП Никола Карев – Пробиштип

Директор : Ненад Павиќевиќ

0

И З В Е С Т У В А Њ Е

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ПОЧИТУВАНИ КОРИСНИЦИ
Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно информацијата на Управувачкиот комитет за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести на МЗ,ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
1.Вашите потреби со службите на ЈКП “Никола Карев”- Пробиштипда ги извршувате преку телефон 032-480-666 или со електронски пораки (email) jkpnikolakarev@gmail.com.
2. За сите проблеми и потреби да ги контактирате Раководителите во ЈКП “Никола Карев”- Пробиштип по телефон и тоа:
- ЗА ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ОД ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕР: водовод, канализација, јавна чистота, собирање смет, одржување на градски гробишта…
• ИЛЕ СЕРАФИМОВ -Технички раководител ТЕЛ: 076/205-095
• ДРАГАН РИСТОВСКИ– Раководителна водовод и канализација ТЕЛ:075/389-066
• ДРАГАН ЗЛАТАНОВ -Раководител за паркови и зеленило ТЕЛ: 078/441-296
• БЛАГОЈ МИНОВСКИ-Раководител одд за корисници ТЕЛ: 076/ 202-616
• АНИТА ВАСИЛЕВСКА -Инжинер за проектни активностиТЕЛ: 078/374-583
- ЗА ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ОД ПРАВНА И ЕКОНОМСКА ПРИРОДА:
• САШО СТАНКОВСКИ – Раководител за заеднички работи ТЕЛ: 075/469-698
• БЛАГИЦА МИШЕВСКА -Раководител за финансии ТЕЛ: 075/ 454-474
• АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ- Раководител на одд за човечки ресурси ТЕЛ: 078/241-947
Раководителите ќе одговорат на Вашите прашања и проблеми и ќе Ве упатат во понатамошни постапки.
ФИКСЕН ТЕЛ: 032/ 480-666
Отворени електронски пошти:jkpnikolakarev@gmail.com
СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАШИТЕ ПРЕПОРАКИ ЌЕ ГИ ПОЧИТУВАТЕ.
ЗДРАВЈЕТО, ПРЕД СЕ!
12.03.2020 година Директор:
Побиштип Ненад Павиќевиќ

0
Преглед
Информација до корисниците

Информација до корисниците

 

Почитувани корисници

Ве молиме сите забелешки и приговори во однос на:

- Месечните комунални сметки

- Неисправност на мерен инструмент (водомер)

- Дефект на водоводна или канализациона мрежа

- Превземање и изнесување на комунален отпад (домаќинство и дворно место)

- Чистење на јавно-прометни површини (улици)

задолжително да ги пријавите лично во просториите на претпријатието или на телефонски број 032/480-667 секој ден (Понеделник-Петок) од 07:00 до 15:00 часот.

Ви благодариме на соработката

0
Преглед
22-ри Март Светски ден на водата

22-ри Март Светски ден на водата

                                      

Светскиот ден на водата се одржува секоја година на 22-ри Март со цел фокусирање на вниманието за важноста на водата и залагање за одржливо управување на слатководните ресурси. Во 1992 година на Конференцијата на ОН за животна средина и развој (UNCED) било препорачано прославување на еден интернационален ден на слатководните ресурси. Генералното собрание на ОН одговорило на препораката со назначување на 22 март 1993 година како прв Светски ден на водата.

Водата е скапоцена затоа што без неа не постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што бројот на населението во светот расте, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.

1,1 милијарди луѓе на Земјата немаат константен пристап до здравствено исправна вода за пиење, а 2,4 милијарди немаат пристап до вода за одржување на хигиената ниту пак до одвод-канализација за отпадни и фекални урбани води.

Во последниве 30 години земјоделското производство се зголеми за повеќе од 100%, а 3/4 од вкупно потрошената вода се троши за земјоделското производство. Недостатокот од вода значи несигурност во производството на храна, сиромаштија, глад и ширење на заразни болести.

Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви на вода, мора да бидеме повнимателни како ја користиме.

Водата е скапоцена.

Ајде да ја заштитиме.

0
Преглед
Лесново доби водовод

Лесново доби водовод

На жителите на пробиштипско село Лесново радост им донесе новиот водовод. За празникот мала Богородица селото е приклучено на водоводот во Кратово.

Ова за жителите на Лесново значи и крај на долгогодишните проблеми со водата за пиење, односно сушата коај има беше реалност секое лето.

0
Преглед
За стопанисувањето со новоизградената филтер станица за вода во Пробиштип

За стопанисувањето со новоизградената филтер станица за вода во Пробиштип

По едно месечна работа и анализа на мострите од прочистената вода во почетокот на месец февруари 2013 година Јавното Комунално Претпријатие “Никола Карев” и официјално на граѓаните во градот и неколкуте приградски населени места ќе почне да им испорачува чиста и квалитетна вода, добиена по пат на ултра филтрација во новоизградената филтер станица.

За сите новости околу водоснабдувањето и користењето на овој современ објект, разговаравме со директорот на ЈКП “Никола Карев”, Милан Терзиќ.

Господине Терзиќ, по свечениот чин на сечењето на црвената лента на која присуствуваше висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги почнавте и подготовките за водоснабдување на населението од овој нов комунален објект. Која е придобивката од овој објект?

Милан Терзиќ: По анализите на водата, кои ќе се реализираат во периодот од 28 јануари до 2 февруари, и по добиените резултати од Јавната Здравствена Установа “Јавно здравје” од Скопје, првите количини на вода од филтер станицата кон граѓаните ќе ги пуштиме на 3 февруари, кој ете ќе се земе и ќе се памети како официјален датум на кој ќе почне да се испорачува водата од овој новоизгреден и најмодерен комунален објект не само во Пробиштип туку и пошироко на овие простори на Република Македонија, бидејки според информациите ваков начин на филтрирање на вода не е вграден во вакви објекти во Република Македонија.

До сега населението со вода со вода го снабдувавте од пумпната станица во близина селото ратавица. Со изградбата на филтерстаницата почна да се врши дотур на вода за водоснабдување на населението од новиот водозафат од горниот тек на Злетовска река со кој стопанисува ЈП ХС Злетовица. Дали договорот за преземање на оваа вода е веќе потпишан со ЈП ХС Злетовица?

Милан Терзиќ: Да, во изминатиот период додека траеше изградбата и монтирањето на опремата во филтерстаницата се изврши поставување на цевководот и приклучување на водозафат 1 на Злетовска река, наменет за водоснабдување на населението со сирова вода во општина Пробиштип, кој е во сопственост на ЈП ХС Злетовица. Договорот со ова претпријатие веќе е потпишан. Тоа беше и една од нашите обврски кои ги преземавме уште пред почетокот на градбата на филтер станицата. Сега кога зборуваме за водоснабдување на населението со квалитетна и чиста вода мислам на водата која веќе ја добиваме од водозафатот 1 изграден во горниот тек на Злетовска река. Во оваа прилика само би додал дека општина Пробиштип засега е втора општина, по Свети Николе, која почна да ја користи водата што ја испорачуваат од ЈП ХС Злетовица. За конечно преземање и почетокот на стопанисување на филтер станицата е потребно да се дорегулираат одредени формално правни работи кои во месец февруари ќе бидат изрегулирани по што ќе побараме и употребна дозвола , така што офицајалното стопанисување на ЈКП “Никола Карев”, со станицата за прочистување на водата ќе почне од средината на месец февруари.

Дали со преземањето на филтер станицата ќе побарате и зголемување на цената на водата?

Милан Терзиќ: Сегашниот систем на водоснабдување мошне долг период ни преставуваше сериозен проблем токму во делот на целокупното работење на дејностите во ЈКП. Ни одземаше пред се големи парични средства. Сега првите калкулации покажуваат дека со новата филтер станица ќе имаме намалување на трошоците, така да не станува збор за скорешно зголемување на цената на водата. Инаку да биде појасно, цената на водата се формира по веќе определена методологија. За нас единствен проблем ќе ни преостане зголемувањето на цената на енергенсите, нафтата, електричната енергија кои би можеле да ни попречат во првичното работење во новата филтер станица. Но, јас сум убеден дека покачување на цената на водата во текот на оваа 2013 година нема да има.

Добивте на стопанисување нов современ објект. Дали ЈКП “Никола Карев”, располага со соодветен стручен кадар за нејзино користење и стопанисување?

Милан Терзиќ: Задоволен сум од соработката која во изминатите неколку месеци ја имавме со стручниот тим на словенечката компанија Искра системи која работеше на изградбата и вградувањето на опремата за ултра филтрација на водата во станицата за прочистување на водата во Пробиштип. Од самиот почеток расположливиот кадар, како инженерски така и средно техничкиот персонал во ова јавно комунално претпријатие, ја следеше имплементација на овој проект. За одбележување е што беше вклучен и во самото вградување на опремата во објектот, така што изминатиот период и за нив преставуваше период на запознавање и вклучување во самиот процес на работа со монтираната опрема. Би додал дека стручниот тим на Искра системи кој и ја заврши мошне квалитетно својот дел од работата со ангажираните вработени од ЈКП “Никола Карев”, ќе останат и во наредните три месеци и ќе продолжат да го следат процесот на прочистување и испорака на водата, но и да ја надгледуваат работата на нашите луге.

Дали тоа значи дека ЈКП “Никола Карев”, нема да има потреба од ангажирање на дополнителен стручен кадар за работа во процесот на прочистување на водата во новата филтер станица?

Милан Терзиќ: Со оглед на фактот дека станува збор за филтер станица во која е вградена најсовремена опрема за прочистување на водата по пат на ултра филтрација во самиот процес ќе бидат ангажирани машински и електро инжинерски кадар, како и среден технички кадар кој веќе го имаме на располагање во претпријатието.

0
Преглед
Пробиштип доби нова пречистителна станица за вода за пиење

Пробиштип доби нова пречистителна станица за вода за пиење

Преседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставревски и Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски во саботата 26 Јануари свечено ја пуштија во употреба новата пречистителна станица за вода за пиење во Пробииштип. Се реализираше еден од најкапиталните проекти кои што ги гради општината во последните 20 години. Се реши тридеценискиот проблем за околу 16.000 жители во Пробиштип и околните населени места кои благодарение на ХС „Злетовица“ и новата филтер-станица отсега ќе добиваат чиста вода за пиење, а ќе биде решен и проблемот со недостиг на вода, кој е особено изразен во летните месеци од годината.

За изградбата на филтер станицата финансиските средствата беа обезбедени од три извори, донација од Словенската Влада во висина од 480.000 евра, заем од Јапонската агенција за меѓународна соработка под исклучително поволни услови во висина од над 800.000 евра, а преостанатите средства беа обезбедени од сопствениот буџет на општината. Изведувач на проектот беше словенската фирма Искра системи од Љубљана, а надзор на работите вршеше фирмата Атриум студио од Штип.

На свечената церемонија присуствуваа и Амбасадорот на Република Словенија во РМ Бранко Раковец, Амбасадорот на Јапонија во Виена, Шигео Иватани, Државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова, Владини претставници, Градоначалници од повеќе градови од Источниот плански регион и голем број на сограѓани.

Off
Преглед
Пристигна опремата за филтер станицата во Пробиштип

Пристигна опремата за филтер станицата во Пробиштип

Опремата која е наменета за најважниот проект во општината, изградба на филтер станица за вода за пиење пристигна во општина Пробиштип.

Опремата е со вредност од над 1.000 000 евра, а проектот е во завршна фаза на реализација.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.500 000 евра, средства од кои 500 000 се донација на Словенечката Влада, 800 000 евра се заем од JICA а останатите средстава се обезбедени од сопствен буџет. Овој проект е најважниот и најзначајниот затоа што по 30 години жителите на Пробиштип ќе имаат квалитетна вода за пиење