ЈКП “Никола Карев”- Пробиштип преку фабриката за вода снабдува со кондиционирана безбедна вода за пиење околу 11.000 жители од градот Пробиштип и селата:Плешенци, Д.Стубол, Ратавица, Неокази, Стрмош, Петршино.

Проектираниот капацитет на фабриката за производство на вода изнесува 75L/s.

Филтрирањето на водата се пречистува преку:

- Два предфилтри(груб филтер и мрежест);

- Фино филтрирање на водата преку три единици.

Согласно Правилникот за безбедноста на водата за пиење(Сл.весник 46/2008 год.) се врши контрола на здраствената исправност на водата од две јавни установи на Р.М. и тоа:

1. Безбедноста на водата за пиење сурова и прочистена се контролира од Републичкиот завод за здраствена заштита-Скопје каде се носат еднаш годишно мостри на вода.За мострите испратени во РЗЗЗ-Скопје се вршат следниве париметри:

- Периодично физичко-хемиска анализа;

- Анализа за присуството на пестициди;

- Радиолошка и паразитолошка анализа.

2. Квалитетот на водата за пиење редовно се контролира од ЦЈЗ-Штип со динамика по еден примерок од две различни места на една недела при што се врши испитување на следните париметри:

- Физичко-хемиска анализа;

- Микробиолошка анализа;

- Анализа на присуство на резидуален хлор во водата за пиење.

Покрај двете контроли од двете јавни установи во Р.М се прави и трета контрола од страна на вработените во ЈКП “Никола Карев”-Пробиштип.