ЈКП “Никола Карев”-Пробиштип покрај редовните активности околу водоснабдувањето, отстранувањето на сметот, одржувањето на зелените површини има  мисија да обезбедува квалитетен и континуиран комунален сервис за граѓаните, со големо внимание кон заштитата на животната средина.

Во рамките на нашето работење спаѓа и градскиот пазар каде што  преземаме одредени чекори за негово доуредување.

Што се однесува до хортикултурното и парковското уредување и одржување, покрај досегашните, ќе настојуваме оваа активност да ја прошириме и на другите зелени површини во  градот.