Според пописот од 2002 година во Општина Пробиштип има:

-Број на жители:16.193 жители од кои 8.248 мажи и 7.945 жени,

-Национален состав : 15.977 македонци (98,67%)

-Центар на општината : Градот Пробиштип со 10.816 жители

-Број на населени места: 37 (едно градско, две приградски, една полуградска и 33 рурални селски населби).

Според површината која ја зафаќа Општината Пробиштип (325,57 km2) и бројот на населението, густината на населението во општината според последниот попис изнесува  50,9  жители/км2.

 Историјат на претпријатието

Станбеното претпријатие за обавување на комунални услуги за прв пат е формирано на заедничка седница на Општинскиот одбор одржан на ден 28.02.1966 година со Решение бр.570/1.Подоцна дејноста е проширена со комунални дејности и претпријатието работи како станбено-комунално –услужно кое како такво функционира се до 1986 година, а потоа се трансформира во работна организација за комунално –градежни работи Илинден-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански суд во Штип П.Бр. 18/86. На 28.12.1989 година Собранието на Општина Пробиштип донесе решение за организирање на јавното претпријатие за општествена сопственост за комунално производни и услужни работи “Илинден”-Пробиштип и истото е регистрирано со решение на Окружен Стопански Суд. После повеќе извршени трансформации на 03.04.2002 година со решение на Основен суд Штип се формира јавно претпријатие за водовод “Никола Карев”-Злетово. Со децентрализација на дејностите на ЈКП Комуналец Пробиштип се одземаат, а со тоа се превземаат дејностите од ЈКП “Никола Карев”-Злетово. Од 01.01.2006 година ЈКП”Никола Карев” продолжува да работи со седиште во Пробиштип.ЈКП “Никола Карев” ги обавува следните дејности:

• Собирање,пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода;

• Поставување на водоводни инсталации;

• Цевководен транспорт;

• Собирање,одведување и третман на отпадни води;

• Собирање на комунален отпад;

• Погребални услуги;

 •Пазари;

•Хортикултурно и партерно уредување;