Со изградба на Х.С. Злетовица и цевковод Ø500 мм. и Ø 350 мм. во должина од 18.6 км. Доведена е вода од 100 лит/сек. Со проектот за филтер станица и избор на технологија во текот на 2012 година истата беше изградена и со работа започна од февруари 2013 година со капацитет од 75 лит/сек.

filter_bg

Истата работи на принцип на Ултрафилтрација со пропусливост од 0.01 до 0.1 микрон, што е повеќе од доволно на сосема преироден начин да изврши филтрација на водата без приотоа да минат било какви бактерии вируси и останати микроорганизми, што ја прави водата микробилошки исправна.
Самиот процес на филтрација на водата е со модерен компјутерски Skada Систем со кој имаме 24 часовно следење на произвосдтвото и квалитетот на филтрираната вода.
Па отука со право можеме да кажеме дека жителит на општина Пробиштип вода за пиење добиваат од една од најсовремените и најмодерни филтер станици во светски рамки.

Резервоари за вода:
• Собирен 1500 м3;
• Регулационен резервоар 600 м3.
Градската водоводна мрежа се состои од цевководи од Ø63 доØ 300 кои служат како примарна водоводна мрежа преку која се врши водоснабдување на домаќинствата и индустријата со вода за пиење.