Собирањето на комуналниот отпад има директно влијание во зачувување на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење. Собирањето на комуналниот отпад од подрачјето на градот Пробиштип се врши од пластични и метални контејнери кои служат за селекција на отпад а исто така комуналниот отпад се собира и од корпи и канти кои се распределени низ градот. Транспортирањето на комуналниот отпад се врши со специјални комунални возила (камиони), како и трактори за понедостапните места.
Динамиката за собирање и транспортирање на комуналниот отпад во подрачјето на градот Пробиштип се утврдува во зависност од :
- Густина на населеност
- Количеството на создаден комунален отпад
- Структурата на комуналниот отпад
- Начинот на однесување на корисниците во урбаната средина
- Инфраструктурни сообраќајни услови
- Видот и бројот на поставените садови за комунален отпад
Распоредот за собирање на комуналниот отпад во град Пробиштип со камион-ДАФ.
Реден број |
Ден кога се собира сметот |
Улица од каде се собира сметот |
1 |
Понеделник |
Сите Контејнери во градот |
2 |
Вторник |
ул.Нада Михајлова,Контејнерите во градот,Конфекции(Даматекст,Рамиза), ул.Јаким Стојковски |
3 |
Среда |
Контејнери во градот,Конфекција Алекс,ул.8-ми Септември,ул.Никола Карев,ул.Кочо Рацин. |
4 |
Четврток |
Злетово( Контејнери и улици) |
5 |
Петок |
ул.Миро Барага,Конфекција Панови,Контејнери во градот,Контејнери кај Градските гробишта |
Распоредот за собирање на комуналниот отпад во град Пробиштип со камион-ИВЕКО
Реден број |
Ден кога се собира сметот |
Улица од каде се собира сметот |
1 |
Понеделник |
ул.Илинденска,ул.Партизанска,ул.Брака Миладиновци,ул.Никола Карев,ул.Миро Барага,Конфекција Панови |
2 |
Вторник |
ул.Доне Божинов,населба.Шилек,ул.Кочо Рацин,Градски пазар,Контејнери во старо Калниште,Конфекција Линеа |
3 |
Среда |
ул.Плавица,ул.3-ти Април,ул.28-ми Август,Ленинов Плоштад,ул.9-ти Мај,ул.Јане Сандански |
4 |
Четврток |
ул.Јаким Стојковски,ул.ЈНА |
5 |
Петок |
ул.Јордан Стојанов,ул.Славко Баев,ул.Илинденска,ул.Планинска,ул.Доне Божинов |