ЈКП “Никола Карев”-Пробиштип покрај редовните активности околу водоснабдувањето, отстранувањето на сметот, одржувањето на зелените површини има мисија да обезбедува квалитетен и континуиран комунален сервис за граѓаните, со големо внимание кон заштитата на животната средина.
Во рамките на нашето работење спаѓа и градскиот пазар каде што преземаме одредени чекори за негово доуредување.
Што се однесува до хортикултурното и парковското уредување и одржување, покрај досегашните, ќе настојуваме оваа активност да ја прошириме и на другите зелени површини во градот.