БРЗО ПЛАЌАЊЕ: https://euslugi.jkpnikolakarev.com.mk/FastPayment.aspx Со почеток од 10ти ноември 2020  за нашите корисници е доспапна услугата за електронско плаќање на тековните сметки, истата ќе може да се врши на 2 начини: Првиот начин е таканаречено БРЗО ПЛАЌАЊЕ односно потребно е корисникот да го внесе само бројот на фактурата и е-маил адреса за потврда на праќањето. За оваа цел секако потребно е корисникот да има кај него примерок од сметката која ја плаќа.

Е-КОРИСНИК: https://euslugi.jkpnikolakarev.com.mk/ Додека со вториот начин кој го нарекуваме Е-КОРИСНИК, корисниците на комунални услуги ќе имаат можност да отворат свој кориснички профил, на кој ќе имаат целосен увид во состојбата на својата финансова катрица, односно дали имаат неплатени сметки за кој месец се работи и колкав е износот на истите, и со едноставен избор на сметката ќе го реализираат плаќањето. Значи предноста на овој начин е во тоа што корисникот нема да има потреба од тврда копија на сметката туку едноставно преку преглед во финансиската картица  ќе може директно да ја одбере и плати сметката за одреден месец. За да можат корисниците  првично да креираат свој кориснички профил, во сметките за месец Ноември ќе добијат КОРИСНИЧКО ИМЕ И ЛОЗИНКА, се разбира и упатство за користење на апликацијата.