Историјат на претпријатието

Нови економични возила за собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад

Современа филтер станица за пречистување на водата за
пиење со метод на ултрафилтрација

Историјат на претпријатието


Јавното комунално претпријатие Никола Карев-Пробиштип е основано на 30.01.2002 година со
одлука на Советот на општина Злетово и истото со решение е регистрирано и упишано во
Tрговскиот регистар при Окружен стопански суд – Штип.
Со измените на Законот за територијална организација на локалната самоуправа во РМ во 2005
г. општина Злетово се укинува и основачките права на јавното претпријатие ги презема Советот на
општина Пробиштип по што истото се пререгистрира во Tрговскиот регистар при Основен суд-
Штип со Решение П.трег 965/05 од 29.11.2005 г.
Со Одлука Бр.07-88/2 од 09.02.2007 г. Советот на општина Пробиштип објектите, транспортните
средства, опремата и сите вработени од ЈКП Комуналец-Пробиштип кое дотогаш ги вршеше
комуналните дејности на територијата на општина Пробиштип ги пренесува на ЈКП Никола Карев
кое продолжува да работи со седиште во Пробиштип и ги обавува следните комунални дејности:
36.00 – Собирање, обработка и снабдување со вода
37.00 – Отстранување на отпадни води
38.11 – Собирање на безопасен отпад
38.21 – Обработка и отстранување на безопасен отпад
39.00 – Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад
68.32 – Управување со недвижен имот со хонорар или врз база на договор
81.10 – Комбинирани помошни дејности на објектите
81.22 – Останати дејности на чистење на згради и објекти
81.30 – Услужни дејности за уредување и одржување на животната средина